Пимен: Дали ако утре се сликам со некој авион, ќе значи дека сум го купил?

Од:

Денот кога почина владиката Кирил, за граѓанското здружение „Веритас“ не беше причина да се воздржи и да не го извалка образот на друг македонски владика, отецот Пимен, обвинувајќи го дека се луксузира возејќи се во автомобил Порше.

Иако отец Пимен во февруари годинава изјави дека автомобилот не е негов и дека не знае да вози, тоа не беше причина членовите на „спонтаното“ здружение на „верници“ и членови на ВМРО – ДПМНЕ вербално да го нападнат.

Здружението „Веритас“ повторно проба да ја манипулира и излаже јавноста дека врз општина Центар биле фрлени само неколку јајца, иако останаа десетици табли по нивното дивеење.

– Со пет фрлени јајца по оние кои сакаат да рушат цркви не може да се нахранат сиромашните, но со едно Porsche Carrera во какво е сликан Отец Пимен може да се нахранат стотици фамилии – велат од „Веритас“.

po-protest5

Ваквата нивна изјава следуваше по реакцијата на отец Пимен, кој ги осуди лажните „верници“ што предизвикаа материјална штета на општина Центар фрлајќи со јајца, домати и шишиња полни со вода.

– Вие не размисливте христијански дека со толку фрлени јајца можевте да нахраните сиромашни и гладни деца, кои бараат макар и расипано јајце во контејнерите, тоа боли повеќе. Тоа не одделува од Бога – напиша владиката Пимен на Фејсбук.

Во однос на денешното обвинување, владиката Пимен уште претходно ги отфрли шпекулациите дека возилото е негово наведувајќи дека немаат врска со вистината.

– Тоа возило воопшто не е моја сопственост, а јас и не знам да возам. Мојата епархија е финансиски толку слаба, што одвај успевам редовно да земам плата, а камоли да си дозволам таков луксуз. Дали ако утре се сликам со некој авион, ќе значи дека сум го купил. Ова е мала провокација за да се направи толку преголема вест. Ако нешто не ме интересира, тоа се возилата. Тоа е обична шега, рекол владиката за весникот, откривајќи дека фотографијата е направена минатата година во Мајнц, Германија, и дека возилото е на еден негов пријател – изјавил владиката Пимен за весникот.

Инаку, отец Пимен беше дел од претставништвото на МПЦ на чело со владиката Агатангел пред споменикот на „Мајка Тереза“, каде се собираа демонстрантите. После неколку часа, тој го промени ставот и се судри со Македонската православна црква, велејќи дека не се собрани спонтано да ја бранат црквата која е во изградба.

– Рушиме општина во обид да спречиме “рушење” на црквата. Дајте да ги наполниме црквите наместо опшинските дворови. Само така се чува и брани црквата – рече отец Пимен, кој вели дека кога бил пред црквата, него никој не го препознал.

На вчерашните протести пред општина Центар не присуствуваше Сузана Миновска, заштитник на верата и црквата преку здружението „Веритас“, која беше главна на првите протести против наводното уривање на црквата „Свети Константин и Елена“, Иако таа се претставуваше дека по слободна волја ги поддржува протестите, сепак нејзиното име стои во листата на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ како донатор со 60.000 денари.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски