Пијаница се заканувал дека ќе ја гранатира Владата

Од:

Маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави во 17:40 од мобилен телефон се јавил на телефонскиот број 192 и рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР, како што се наведува во соопштението, веднаш постапила и ги презела сите оперативно тактички мерки и го пронашла мажот. Тој бил однесен во полициска станица каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано затоа што, како што рекол, „сакал да привлече внимание затоа што не бил задоволен од функционирањето на системот во државата“. Во текот на вчерашниот ден, тој бил приведен во полициска станица за друго дело, за кое, според негово тврдење не бил виновен.

Се преземаат соодветни дејствија за расчистување на случајот, а известен е и јавен обвинител, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски