Пијан возач тепал полицаец

Од:

26-годишниот Д.К. од Македонски Брод, синоќа нападнал полицаец во болницата додека лекари се обидувале да му извадат крв за да утврдат колку алкохол има во крвта.

Како што информира МВР, Д.К. предизвикал сообраќајна несреќа во Македонски Брод, а кога дошла полицијата констатирала дека возачот е пијан. Тој одбил да му направат алкотест, па полицајците го однеле во болница за да му земат крв и урина.

Д.К во болницата не дозволувал да интервенираат лекарите, па во расправијата со нив станал и нападнал еден од полицајците. Повредени нема, а пијаниот завршил во станица.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски