Пијан возач од Македонски Брод удри во паркиран автомобил

Од:

Дваесет и петгодишен жител на Македонски Брод возел под дејство на алкохол и удрил во паркирано возило при што причинил материјална штета.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека тој е приведен ноќеска во 2.04 часот поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“.

Претходно, во 1.30 часот на улицата „Крушевска Република“ во Македонски Брод, со возило „пежо“ удрил во паркирано возило „опел“, сопственост на М.Т.(28) од Скопје, при што причинил материјална штета, а повредени лица нема.

– По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски