Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Од:

К.Ш. (29) од Гевгелија ќе добие пријава од полицијата за безобѕирно управување со моторно возило откако под дејство на алкохол удрил во заштитна ограда на коловозот на обиколницата Богданци, соопштија денеска од СВР Струмица.

Денеска во 3.46 часот на обиколница кај Богданци, полициски службеници го уапсија К.Ш.(29) од Гевгелија.

– Претходно, во 3.15 часот, тој со товарно возило „фолксваген крафтер“ кое го управувал изгубил контрола и удрил во заштитна ограда. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,5 промили алкохол во крвта, се наведува во полициското соопштение.

Од МВР велат дека по целосно документирање на настанот, против К.Ш. ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Уапсени се пијани возачи – „рекордерот“ е од Велес, го фатија со 2,6 промили алкохол во крвта

А1он

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Уапсен велешанец, возеше со 1,74 промили алкохол во крвта

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Уапсен е кавадарчанец – возеше со 1,98 промили алкохол во крвта

А1он