Пијан штипјанец започнал тепачка и се обидел да прегази три лица со автомобил

Од:

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против П.А.(34), Ѓ.И.(30) и М.В.(40), сите од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 19.08.2018 година околу 00,20 часот во Штип, на улицата „Кирил и Методиј“ во кафе бар првопријавениот, под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир, по што настанала вербална расправија и физичка пресметка помеѓу истиот и второпријавениот, кој е сопственик на објектот.

По ова, тие излегле надвор од објектот, каде првопријавениот, управувајќи возило „Ауди А6“, се обидел да го прегази второпријавениот и уште две други лица, при што им нанел телесни повреди. Потоа второ, трето и четвртопријавениот започнале да го оштетуваат наведеното возило, во кое имало уште еден сопатник и физички го нападнале првопријавениот.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му