Пијан бугарин искршил две возила во Ресен

Од:

Вчера во Ресен на улицата Илинденска, позади зградата на општината Ресен лицето С.Р.М. од Бугарија направил сообраќајна незгода, при што оштетил две возила.

„Лицето С.Р.М. (31) од Р.Бугарија, под дејство на алкохол, управувал ПМВ „Тојота“ со бугарски национални ознаки, при што удрил во ПМВ „Голф“ со ресенски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од страна на М.Д. (26) од Ресен и ПМВ „Рено Лагуна“ со ресенски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од А.Д. (26) од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Ресен. По наредба на Јавен обвинител, С.Р.М. е задржан во ПС. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“ стои во извештајот од МВР.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он