А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пицула: Внатрешните реформи на ЕУ мора да одат заедно со политиката на проширување

by А1он09/02/2020 - 14:04166
Share0

Внатрешните реформи на ЕУ мора да одат заедно со, можеби една од нејзините најуспешни политики, а тоа е политиката на проширување, изјави хрватскиот европратеник од социјал-демократската група Тонино Пицула, по отворањето на меѓународната конференција „Еден Балкан кон ЕУ“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Секако годината не почна добро и првпат останавме без една земја членка, но тоа само ја нагласува потребата на реформа на ЕУ, а нејзината реформа и напредок не може да одат без политиката на проширување кон Западен Балкан. Северна Македонија е државата на овој простор што направи најмногу за афирмација на ваквата политика и затоа сметаме дека е погрешна одлуката за непочнување на преговори во октомври минатата година, изjави Пицула.

Верувам, подвлече Пицула, дека Зоран Заев и неговата влада дадоа силен аргумент за отворање на преговорiте и тоа е секако причина за сите нас во ЕП да продолжиме со поддршка на политиката на проширување.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, рече дека сме свесни оти е отворена дебатата за реформите во ЕУ, но и дека очекуваме таа паралелно да се случува заедно со процесот на проширување на ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Очекуваме да добиеме датум за почеток на преговорите. Не очекуваме веднаш да станеме членка на ЕУ, за тоа постои процес, кога ние ќе бидеме подготвени и ЕУ ќе биде подготвена по пет, седум, десет години да бидеме полноправна членка. Но, држењето на мотивацијата за сите нас претставува единствена водилка за позитивни реформи на државата, изјави Заев.

Република Северна Македонија, посочи Заев, е најдобар пример за европските вредности и вистинската трансформација што се случи тука и верувам дека придонесува за европската иднина за Западен Балкан.

eu

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он20/09/2026 - 19:2720/09/2026 - 21:38

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски10/09/2026 - 08:2610/09/2026 - 09:04

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Горан Наумовски10/09/2026 - 06:54

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:21

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:5705/09/2026 - 18:36

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео