• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Пициорлас: Договорот од Преспа го сврте меѓународниот интерес кон регионот, економски да го искористиме тоа

by А1он23/11/2018 - 15:56181
Share0

Поради Договорот од Преспа, вниманието на меѓународната заедница е насочено кон регионот, а ова е нашата шанса, што треба да ја искористиме и заедно да се обидеме да го привлечеме интересот на инвеститорите, порача алтернативниот министер за економија и развој на Грција, Стергиос Пициорлас на почетокот на министерскиот состанок во Солун.

Добивај вести на вибер

Тој истакна дека земјите од регионот, на светот треба да му покажат слика дека „ние не даваме тежина на конкуренцијата меѓу нас, туку на соработката“ и додаде дека во дискусијата меѓу земјите, веќе треба да се вметнат и прашањата што се однесуваат на пазарот во регионот и како да се зајакне економската соработка, соработката во трговските односи, во темите поврзани со извозот и инвестициите, јави дописничката на МИА од Атина.

– Според нашето мислење, земјите од Балканот, треба да создадат заедничка слика и да ја презентираат во светот, претендирајќи дел од светскиот пазар и на ниво на извоз и на ниво на инвестиции. Ако успееме во ова, ќе ни помогне на сите нас, напротив ако дадеме слика, како со политичките прашања во минатото, дека сега се исцрпуваме во внатрешна конкуренција, тоа ќе биде на товар на сите нас, рече Пициорлас.

Алтернативниот министер за економија и развој на Грција во оваа насока, презентираше пет идеи за економска соработка.

Првата се однесуваа на соработката на организациите од земјите за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот.

-Мислам дека во оваа област ќе треба да соработуваме, така што на меѓународните саеми во целиот свет да го презентираме нашиот регион во целост. Имаме можност, бидејќи регионот, поради Договорот од Преспа се најде на меѓународната сцена и го привлече вниманието на меѓународната заедница. Мислам дека ова е можност што може да се искористи и заеднички да вложиме напори да се привлече интересот на инвеститорите во регионот. Мислам дека ова е првиот чекор и може од утре да постои група експерти што ќе го разгледа ова, рече алтернативниот министер за економија на Грција.

Втората негова идеја е поврзување на трговските регистри на четирите земји што дополнително би помогнало во економската соработка.

Трета идеја на Пициорлас презентирана на денешниот министерски состанок е потпишување Меморандум за соработка за заштита на потрошувачите со цел да се воспостават заеднички правила на пазарите во четирите земји.

Според истата логика, алтернативниот министер за економија на Грција, смета дека треба да се воспостави соработка и меѓу централните пазари на земјите, а Грција веќе има искуство од соработката со Италија.

Последната идеја на Пициорлас се однесува на соработката за контрола на пазарите во смисла на квалитет, усогласеност, нелегална трговија и слично.

Алтернативниот министер за економија и развој на Грција смета дека овие идеи може да помогнат во дополнителен развој на економските и трговските односи меѓу земјите од регионот.

imetoprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

ДУИ: Преспанскиот договор ја закотви Македонија на вистинската страна на историјата

Горан Наумовски17/06/2025 - 09:43

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Катерина Ѓуровски09/01/2025 - 09:20

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Катерина Ѓуровски30/08/2024 - 13:08

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Катерина Ѓуровски22/07/2024 - 10:04

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски14/07/2024 - 15:0114/07/2024 - 16:28

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски12/07/2024 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен