Петти обид да се суди „Моќник“, каде обвинет е и Антонијо Милошоски

Од:

Утре ќе има нов обид да започне судењето за случајот „Моќник“ кое досега постојано се одложуваше, а каде еден од обвинетите е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. Рочиштето треба да започне од десет часот, ако се појават сите 12 обвинети лица, меѓу кои е и таткото на Милошоски. Ова ќе биде петти обид за случајот да започне да се суди, откако последниот пат, судењето беше одложено бидејќи судот не можеше да го пронајде еден од обвинетите за да му достави покана да се појави на рочиште. Претходно, пак, судењата се одложуваа и поради тоа што меѓу обвинетите имаше и заболени од коронавирус.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е третообвинет во случајот „Моќник“. Тој се товари дека ги сторил кривичните дела измама и злоупотреба на службената положба и овластувања. Прво и второобвинет за измама, пак, се таткото на Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески. Според обвинението, пратеникот Антонијо Милошоски ја искористил својата позиција и вршел континуиран притисок врз државните органи и судовите за да не ја поништат продажбата на зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри во Македонски Брод, а го купил неговиот татко.

Пратеникот Антонијо Милошоски изминатиов период беше актуелен и по објавата на „А1он“ дека тој бил осуден за кривични дела кражба и фалсификување на исправи во 2004, односно 2005 година во Германија. Откако негираше, а „А1он“ објави документи кои потврдуваат дека Милошоски сторил кривични дела пред да биде назначен за министер, тој не одговори на поканата за видео-интервју, каде меѓу другото, ќе може да направи увид во документите. Милошоски иако исконтактиран, тој не одговори ни на повиците да го искоментира случајот и да каже за каква кражба и фалсификување е осуден.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?

Милошоски: ДУИ ги приватизира игрите на среќа