Петти Меѓународен медицински конгрес

Од:

Од денеска до 14 септември во Охрид ќе се одржува петтиот Меѓународен медицински конгрес на форумот на лекарските асоцијации на Југоисточна Европа (SEEMF).

Како што соопшти Македонското лекарско друштво (МЛД), се  очекуваат над 500 учесници и предавачи од  Македонија, Албанија, Грција, Турција, Бугарија, Црна Гора, Србија, Република Српска, Словенија, Романија, Украина, Узбекистан, Русија, Казахстан, Азербејџан, Летонија.

Темите на  конгресот на СЕЕМФ се:  кардиоваскуларните заболувања,  дијабетесот и неговите компликации,  онкологија, новини во дијагностиката и терапијата, превенција на карциномите,  влијанието на имунизацијата и вакцинациска профилакса – предизвици и приоритети.

Специјална тема на Конгресот ќе биде местото и улогата на имунизацијата во 21 век со цел, како што наведува МЛД, потиснување на негативните трендови во голем број земји, па и кај нас, за одбивање на вакцинациите.   Поканети се експерти од оваа област од Светската здравствена организација, Европската комисија за контрола на заразни болести и од здруженија.

На конгресот ќе бидат разменети и искуства од областа на организацијата на здравствената служба, безбедноста на пациентите, здравствени проблеми и здравствени политики во услови на економска криза, здравствени реформи и финансирање, професионална авторегулација на лекарските асоцијации, професионалниот развој на младите лекари, финансирање на здравствените системи во ЈИЕ, Е-здравство (E-Helath) …

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот