Петрушевски: За претседателското место во ССМ, Трендафилов дебело одработува за СДС

Од:

ССМ преповторува тези на СДС, целта им е да го закочат развојот на државата.Барањата за субвенционирани придонеси од страна на владата се камен за сопнување смислен од СДС, а реализиран од ССМ, кој е препознаен од народот како манипулација, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Крајниот план на СДС е застој во развојот на државата, а ССМ под палка на Слободан Трендафилов кој одработува за неговата позиција е само алатка. СДС има за цел преку ССМ да ја закочи државата десетици милиони евра наместо во развој да се трошат на придонеси. СДС не може да се помири со фактот што државата тргна напред, а економскиот раст во последните два квартали од минатата година е над 3%. СДС се свесни дека со вакво темпо на развој на државата, тие уште толку ќе потонат во заборав, па преку вештачки наметнати теми сакаат да бидат актуелни. И за таа тема го користат ССМ и Трендафилов.Слободан Трендафилов ја злоупотребува својата позиција во ССМ и го внесува синдикатот во непринципиелни сојузи со политичките партии СДС и Левица. За претседателското место во ССМ, Трендафилов дебело одработува за СДС. И тој и врвот на СДС се коцкаат со иднината на државата. За среќа на државата, прочитани се и народот не ги есапи.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он