Петрушевски: За 60 дена видовме дека Спасовски може и полошо од претходно

Од:

Поминаа 60 дена откако Оливер Спасовски беше реизбран за министер за внатрешни работи, а овие 60 дена криминалот буквално метастазираше. Впрочем како што и претходните 4 години мандат на Спасовски во МВР царуваше криминалот, така, па и уште полошо, продолжи во овие 60 дена рече на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Од јануари до денес на територија во Скопје имаме преку 50 разбојнички кражби како од криминалистичките филмови. Буквално во секоја општина секојдневно криминалците пљачкаат со употреба на калашникови, сред бел ден ограбуваат продавници, банки, кладилници, приватни бизнисмени, куќи, легнуваат вработени по земја, ги тепаат, ги малтерираат и со парите си одат како ништо да не било. Таков беше и последниот случај со ограбувањето на банка во Скопје во кој учествувале полицаец и наркобос кој требало да биде во куќен притвор.На ниво на цела Македонија за само два месеци има над 3.500 кривични настани и тешки кражби каде Битола и Велес водат по сите параметри, или ако сакате попрецизно за овој период од два месеци само во Скопје имало 516, во Битола 300, Велес 110 тешки кражби и илјадници други дела, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела