Петрушевски: СДСМ призна дека го координира ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички

Од:

СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички. Сања Лукаревска вчера на прес – конференција од Собранието призна дека СДС го координира ССМ и дека имаат состаноци во синдикатот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Она што не го кажа Лукаревска е дека на тие состаноци е договорен малициозниот и деструктивен пристап кон државата, со цел да се нанесе колку може повеќе штета. ВМРО-ДПМНЕ им го обелодени планот, и покажа дека ССМ со Слободан Трендафилов стана обична испостава на СДС. Од ССМ не може да се очекува ништо повеќе се додека на нејзино чело е Слободан Трендафилов, кој е задолжен кај СДС заради неговото поставување.
И СДС и ССМ демаскирани сте, залудно е да продолжите со лагите, наместо деструкција бидете конструктувни и реални со народот и државата, така ќе добиете поголеми симпатии, наместо да тонете под секое ниво, рече Петрушевски на прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО