Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави партиски функционер како Виктор Димовски

Од:

СДС нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби. СДС ги партизираше АНБ и АР додека беа на власт. На чело на АНБ го поставија партискиот кадар Виктор Димовски, кој беше партиски функционер на СДС. Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Во Агенцијата за разузнавање СДС го има поставено Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата. Муслиу правеше хајки против ВМРО-ДПМНЕ, а од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС. Да потсетиме само дека СДС за директор на УБК своевремено го имаше и Миле Зечевиќ, партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар. За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци.
Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионален избор, станува збор за лице кое повеќе од деценија е вработено во безбедносните служби и и служело на државата. Бојан Христовски е лице кое како професионалец бил подлежен на хајка и мобинг од партиските кадри на СДС, исто како и сите останати професионалци во службите, вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски