Петрушевски: До кога СДС ќе го штити Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка

Од:

До кога СДС ќе го штити Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка? Пајазит Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега. Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Пајазити треба веднаш да биде разрешен, единствено е судија заради заштита на СДС и ДУИ преку нивните инсталации во судството. СДС лаже и манипулира со денови, само овој извршител на ДУИ да остане судија. Од друга страна СДС расфрла пердуви да го прикрие скандалот со избеганите зарвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС. Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи. Логично се поставува прашањето, дали СДС намерно дозволи и овие двајца затвореници да избегаат и со која цел? Институциите се девастирани од СДС и ДУИ. Последиците од тоа се чувствуваат уште. Но за сето тоа одговорност ќе има, а институциите веќе се вратени на граѓаните, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски