Петрушевски: Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против Мицкоски

Од:

Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот Мицкоски, а со цел задржување на СДС на власт. Пет години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван и секој негов чекор бил документиран, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка. Службите за безбедност и разузнавање биле целосно злоупотребени. И сега кога се фатени на дело, СДС наместо да се извинат, продолжуваат да сеат магла. Целиот систем на СДС е демаскиран. Злоупотребени се АНБ и АР, но и ЈО, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките. Не е чудо, што народот има 2% доверба во судството и обвинителството, кога токму тие институции биле дел од системот за следење и прислушкување на политички противници на СДС наместо да работат во служба на граѓаните. За прислушкувањето и следењето мора да има одговорност. Овој случај не смее да помине неказнет, за никогаш повеќе да не се повтори, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски