Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Од:

Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат.

Сашо Орданоски е истурена перјаница на СДС, сива еминенција на партијата и еден од главните советници на Заев и Филипче, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Настапите на Сашо Орданоски секогаш биле на линија на СДС, тој ги величал шефовите на таа партија и работел на нивно доаѓање на власт.

Сашо Орданоски нема ниту еден настап кој не е на линија со СДС. Од тука легитимно се поставува прашањето дали ако се земе в предвид фактот што СДС не излезе и не го осуди ставот на Орданоски за САД и Трамп тие го делат истиот став?

Го пушти ли Венко Филипче, Сашо Орданоски, да го каже тоа што тој го мисли?

Жално е да се гледа на што се симна СДС да се натпреварува со Левица за опозициски гласови низ призмата кој е поголем aнти Американец и aнти Трамп.

Му даваме шанса на Венко Филипче и СДС да излезат и јавно да го осудат Сашо Орданоски, во спротивно сами се цементираат на дното на политиката, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Демократите бараат поддршка од републиканците за да ја ограничат моќта на Трамп

Трамп најави разорен напад врз Иран: Можеме да ги уништиме преку ноќ!

А1он

Трамп: Утрешниот рок за постигнување договор со Иран е конечен

А1он

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците