Петровска за инцидентот со Љума: Отпочната е постапка за утврдување одговорност, не толерирам своеволно однесување

Од:

Техничката заменик-министерка, Славјанка Петровска, соопшти дека отпочната е постапка за утврдување на одговорност за начинот на кој постапила полицијата во текот на вчерашниот ден, кога кинематографот Самир Љума беше вербално нападнат, а му беа упатени и закани од патници, во автобусот кој превезуваше патници од скопскиот аеродром до охридскиот карантин во хотелот „Десарет“.

До вербалниот конфликт дошло откако возачот дозволил да се пушат цигари во автобусот, а Љума се побунил. Тогаш дел од останатите патници му се нафрлиле со погрдни зборови, за што е објавено и видео на социјалните мрежи. Полицијата која го пратеше автобусот, не реагираше, а Петровска вели дека нема да толерира непрофесионално однесување.

„Со внимание ги следев реакциите на социјалните мрежи поврзани со начинот на извршување на задачите на полициските службеници ангажирани при обезбедување на превозот на македонските граѓани до објектите кои се одредени за карантин. Ве информирам дека во Министерството за внатрешни работи отпочната е постапка за утврдување на одговорност за начинот на кој полицијата постапила. За да воспоставиме ред, прво мора да го имаме во сопствените редови и затоа нема да толерирам непрофесионално и своеволно однесување“, пишува Петровска.

Освен последниот инцидент, отворени се и други постапки за одговорност на полицајци кои обезбедуваат конвои, а за кои постои сомневање дека не постапувале професионално.

Во автобусот беа патниците од хуманитарниот лет организиран од МНР, на релација Мининген-Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски