Кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска од СДСМ и Коалицијата денеска изјави дека во Битола ќе изградат мултифункционален спортски комплекс.
– Преку тој спортски комплекс ќе се вратат спортовите во Битола како што се пинг-понг, куглање, бокс, гимнастика, атлетика…, спортови кои живееја во Битола. Битолчани, младите, мора да имаат палета за избор на спортови. Така ќе градиме здрави генерации и здрава младина. Оваа обврска на локалната самоуправа ќе ја реализираме, посочи Петровска.