(ВИДЕО) Петровска: Со СДСМ во Битола ќе има транспарентен буџет за сите

Од:

Новата локална самоуправа предводена од СДСМ и Коалицијата ќе биде отворена и услужна за сите граѓани, истакна кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Патровска.

– Креирањето на буџетот ќе биде инспирирано од потребите на граѓаните, и што е најважно, народните пари ќе бидат трошени одговорно. Граѓаните ќе знаат каде е потрошен секој денар. Досега немаше можности да се знае како и каде се трошат општинските пари иако тоа го овозможува законот за слободен пристап до информации. Со новата локална самоуправа тоа нема да се случува. Ние тоа нема да го дозволиме. Секоја месна заедница, секој граѓанин во секое време ќе добива отчет за тоа каде се трошеле парите. Ние ќе имаме транспарентен буџет и ќе бидеме транспарентна општина за сите, нагласи кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата, Петровска.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски