Петровска: Само преку почитување на законите може да се гради довербата во државата

Од:

Доследното почитување на законските надлежности и норми, како и целосна примена на професионалните стандарди во секојдневното работење се единствениот можен начин преку кој полицијата може и мора да ја гради својата позиција, доверба и кредибилитет меѓу граѓаните.

Тоа го истакна дополнителниот заменик – министер за внатрешни работи Славјанка Петровска која денеска беше во работна посета на ОВР Струга и Дебар, граничниот премин Ќафасан и полициската станица Франгово.

Петровска нагласи дека само преку почитување на законите може да се гради довербата во државата и институциите.

Таа оствари средба со раководните луѓе во Одделението за внатрешни работи Струга, во рамки на активностите поврзани со подготовките на полициските служби околу одржувањето на претстојните парламентарни избори.

Како што било истакнато на состанокот, фактот што на подрачјето на надлежност на оваа ОВР Струга е забележано намалување на кривичните дела за 50 проценти споредбено со 2018 година, со висок степен на реализирани кривични дела, укажува на стабилната безбедносна состојба на подрачјето.

“Тоа само по себе е дополнителен гарант и за решеноста на полициските служби, во рамките на своите надлежности, да дадат максимум во обезбедувањето мирни и слободни услови за непречено гласање на избирачите”, констатира Петровска.

Дополнителниот заменик – министер Петровска ги посети и Полициската станица за граничен надзор Франгово, Граничниот премин Ќафасан а ќе го посети и Одделението за внатрешни работи Дебар каде што ќе се сретне со раководните луѓе со овие организациони единици.

Притоа, фокусот на разговор на средбите со раководството е ставен на темите околу ефикасноста на полициското работење и тековните активности во врска со подготовките за полицијата за следење на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата