Петровска: Присуство на наш претставник на конвенцијата на Нова Алтернатива е политичка култура, тоа не значи коалицирање или соработка

Од:

Формирање на партии е одлика на плурализмот во Македонија, смета министерката за одбрана, Славјанка Петровска, иако партијата Нова Алтернатива, на чие чело застана градоначалничката Данела Арсовска не е нова и беше во коалиција со СДСМ. Петровска смета дека присуството на генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ како претставник од нејзината партија не значи по дефиниција дека ќе има коалиција или соработка.

„Тоа е одлука на партијата и партијата ако добила поканата и мислам дека било кој член на партијата треба да удостои формирање на политичка партија, доколку принципите на партијата се демократски. Тоа не значи, по дефиниција дека ќе има коалиција или соработка, тоа е политичка култура“, рече Петровска.

Според министерката за одбрана, СДСМ на изборите ќе излезе со концепт и програма, но ќе ги потсети граѓаните и за се што во изминатиот период сработиле како владејачка партија.

„Во поглед на тоа дали СДСМ стравува од одлив на гласови кон било која партија, мислам дека во изборната кампања ќе имаме доволно простор да соопштиме и уште еднаш да потсетиме што се имаме направено, тоа што е интересно и важно за граѓаните, меѓутоа уште поважно е да понудиме концепт и програма, како ќе настапиме на изборите и што ќе правиме во идната влада“, посочи Петровска.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања