Петровска: Превенцијата на малолетничката деликвенција да почне од локално ниво

Од:

Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво изразува загриженост за состојбите, стандардите и условите во воспитно-поправниот дом Тетово, кој што се воочени од страна на Народниот правобранител. Советот сугерира за итно формирање на совети во општините, поголема примена на вонсудските постапки како медијација и мерките за одвраќање, почитување на правото на детето на бранител во полициска постапка во присуство на адвокат и користење на бесплатна правна помош од страна на Центарот за социјална работа, како и лекување на децата корисници на дроги сместени во воспитно-поправни домови.

Ова го истакна претседателката на Државниот совет Невена Петровска презентирајќи го годишниот Извештај пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Од 84 општини во Македонија само во 17 се формирани локални совети за превенција на малолетничко престапништво, додека само четири од нив доставиле извештај до Државниот совет.

– Превенцијата мора да се спушти на локално ниво. Секоја општина има свои специфики на живеење, на ризични фактори. Секоја општина треба да се грижи за сопствените деца, рече Петровска.

Лани судовите само за две деца пресудиле казна затвор, а спрема 4 отсто од децата заводска мерка.

– Се оди пред се на применување на заштитни превентивни воспитни мерки, а во крајни услови лишување од слобода, вели таа. На 19 деца им е изречена мерка притвор.

Во 2014 година бројот на деца во ризик кои се упатени во центрите за социјална работа од страна на институции и поединци е зголемен за 52 отсто.

– Ова не упатува дека Законот за правда на децата подобро се имплементира бидејќи упатува на меѓусекторска и меѓуинституционална ивестеност, рече Петровска.

Според неа, училиштата, полицијата и обвинителството рано ги препознаваат и идентификуваат децата кои се наоѓаат во ризик и ги упатуваат во центрите за социјална работа. За тоа говори и зголемувањето за 48 отсто на бројот на известувања до центрите за социјална работа.

– Од друга страна во стагнација е бројот на деца во судир со законот според извештаите на МВР, рече Петровска.

Има 798 поднесени барања за прекршочна постапка за 1.274 деца. – Тоа значи дека МВР за 37 отсто од децата успешно спровела постапка за посредување. Целта на Законот за правда на децата е да имаме вонсудско решавање на постапките, брз влез и излез на деца во системот, да нема судски постапки. Добро е што отпочната оваа постапка, ама апелираме таа да се применува повеќе, изјави таа.

Бројот на децат жртви на кривични дела, според податоците е речиси идентичен како минатата година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза