Петровска: Постапката за набавка на лични документи е во тек

Од:

Дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име истакна дека согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20 отсто од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек.

-Во интерес на вистинито информирање на граѓаните и спречување дополнителни тензии наметнати од непромислената изјава на техничкиот министер, побарав информација од службите во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име и ме известија дека: согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20 отсто од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек, напиша таа на нејзиниот профил на Фејсбук.

Таа нагласи дека проектните тимови на МВР и Веридос се во постојана комуникација и работат на дефинирање на конечниот изглед.

Вели роковите за нарачка не се истечени, штом се дефинира конечниот изглед и истиот се одобри од страна на Управниот комитет и се уреди во подзаконски акт, ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани.

-Истовремено, упатувам апел во иднина информациите кои ќе се изнесат во јавност да бидат проверени и потврдени од стручните служби во министерството, додава таа во статусот на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски