(ВИДЕО) Петровска: Поддршка за заедничките идеи на граѓаните и бизнис секторот

Од:

Кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска, носителот на листата и кандидатите за советници од СДСМ и Коалицијата, порачаа дека плански ќе ги поддржуваат сите идеи на граѓаните и бизнис секторот во тој град.

– За секоја локална самоуправа најзначајно е обзбедувањето егзистенција на своите граѓани. Тоа е поврзано со добрата соработка со бизнис секторот која овозможува заштитување на интересите на бизнис секторот и на граѓаните. На централно ниво СДСМ со своите коалициски партнери покажа дека може да се работи во тој дух, а пример за тоа се утврдените 12.000 денари најниска плата во Македонија, рече Петровска.

Таа истакна дека како локална самоуправа ќе овозможат субвенционирање на комуналниот надомест за уредување на градежно земјиште, целосно преиспитување на комуналниот надоместок за фирмарина, како и реален концепт за јавно приватно партнерство.

Петровска најави поддршка за бизнис инкубаторите и други идеи кои ќе произлезат од граѓаните и бизнис секторот, бидеќи, како што посочи, тоа е од интерес на сите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски