Петровска: Oстанувам во јатото на искрени и чесни борци за здрава животна средина

Од:

Една нецела година служев во Државниот инспекторат за животна средина. Да бидеш менаџер на институцијата што на најнепосредњн начин се грижи за спроведувањето на законите за животна средина е предизвик и привилегија, напиша на својот профил на Фејсбук Ана Петровска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, откако денеска Владата ја разреши по барање на нејзината матична партија ДОМ.

„Благодарна сум на Владата и Премиерот за честа и довербата што ми беше укажана. Тука сум, останувам во јатото на искрени и чесни борци за здрава животна средина“, напиша Петровска.

Нејзиното разрешување доаѓа откако таа се скара претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, откако побара вонреден конгрес.

Морачанин во изјава за „А1он“ рече дека барањето за разрешување е бидејќи смета дека има поплаки од граѓаните и негативни реакции од вработени во инспекторатот. Не знаеше да каже колку граѓани се пожалиле на работата на Петровска. Претседателката на ДОМ посочи и дека инспекторатот нема решено големи случаи поврзани со загадување, има мал број на казни, иако е зголемен бројот на инспекциски надзори, па и тоа го наведе како причина за побараното разрешување. За позитивните реакции за работата на Петровска, претседателката Морачанин вели дека не ги видела сите такви коментари.

Би можело да ве интересира

На Пеленица има околу 40.000 тони контаминирана почва како резултат на одредени количини линдан

Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница

Стојковски: За шест месеци 1.072 инспекциски надзори, 25 прекршочни санкции

Катерина Ѓуровски

Петровска: Не сум рекла да не се гласа за Шилегов

А1он

Петровска: Маја Морачанин не може да се соочи со фактот дека е губитник на овие локални избори

А1он

(ВИДЕО) Петровска и ЗХГ го повлекоа спорното видео: Имаше лошо разбирање на пораката на Бачовска