Петровска: Општината ќе се грижи за сите битолски училишта

Од:

Новата локална самоуправа ќе се грижи за сите основи и средни училишта, ќе ги помага и зајакне, најави денеска Наташа Петровска, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата.

– Ќе обезбедиме енергетска ефикасност во училиштата преку сончеви колектори со средства од надворешни фондови, ќе извршиме изградба, реновирање и опремување на спортските сали и спортските терени, бидејќи најголем дел од училиштата имаат очајни терени. Ќе ги зајакнуваме капацитетите и врската на локалната самоуправа со училиштата и нема како досега општината да контактира само со директорите на основните и средните училишта, туку ќе направиме поширока рамка за комуникација со наставниот кадар и градоначалникот со што подобро ќе се детектираат проблемите и ефикасно ќе се решаваат, рече Петровска.

Таа најави и опремување на кабинетите и библиотеките во училиштата, набавка на интерактивни табли и доделување помош на најранливата категорија граѓани за да можат нивните деца подготвени и без проблеми да ја почнуваат учебната година.

– Ќе одржуваме летни кампови, курсеви и семинари кои ќе ги оплеменат знаењата на учениците посебно за еко-културата и сообраќајната култура. Ќе се укине т.н. наменски денар кој досега беше на товар на родителите, а сега трошоците за обезбедување во училиштата ќе бидат на товар општината. Ќе помагаме на родителите кои имаат деца со посебни потреби, бидејќи и тие се деца како и сите други деца во нашиот град, потенцира Петровска.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ