Петровска, Филипче и Деспотовски треба да ги поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ

Од:

Кандидатури за претседател на СДСМ во текот на денешниот ден се очекува да поднесат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска.

Кандидатура ќе поднесе и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски откако денеска пред медиумите ќе ја претстави својата програма.

– Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ. Во фокусот на оваа програма се луѓето. Оваа програма обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат новиот СДСМ да го изгради интегритетот и стекне местото што го заслужува, стои во поканата за прес-конференцијата на Деспотовски.

Во медиумите како можен кандидат за лидерското место во СДСМ се споменуваше и актуелниот директор на Царинската управа Стефан Богоев, но досега нема официјална потврда.

Постапката за кандидирање започна на 31 мај и трае до утре. Право да се кандидираат имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и вредносните, моралните и етичките норми.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку пет години членство во СДСМ кој најмалку еднаш бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Внатрепартиските избори се закажани на 30 јуни, а следуваат по оставката на лидерот Димитар Ковачевски кој по поразот на парламентарните избори поднесе оставка заедно со раководството на партијата. СДСМ во недела, на 9 овој месец, ќе одржи и отчетен Конгрес на кој ќе се анализираат причините за изборниот резултат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања