Петровска: Министерот за внатрешни работи не може со телеграма да го суспендира правниот акт донесен од Владата

Од:

“Согласно член 41 од Законот за организација и работа на органите на државната управа надзорот над работата на министерствата го врши Владата и затоа важечки правен акт донесен во законска процедура од страна на Владата не смее и не може да не се почитува и истиот да биде суспендиран со телеграма на министерот”, пишува во телеграмата која денеска ја испрати дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, информацијата на Петровска е во врска со телеграмата од вчера, доставена од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев до раководителите на сите организациски единици во МВР, во која УКАЖУВА дека Одлуката за поништување на решенија за распоредување на работно место на Владата на Република Северна Македонија е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија и истата е во СИЛА поради што должност на вработените во Министерството е безусловно да ја почитуваат и спроведуваат.

“Укажувам на неопходноста од целосно почитување на донесената Одлука на Владата која е во сила”, се вели во телеграмата на дополнителниот заменик на министерот Петровска.

Појаснува дека дека министерот за внатрешни работи како незадоволна страна може да поведе постапка согласно утврдени процедури пред институциите на системот, но и дека наредбата на министерот е спротивна на законот и владеење на правото и претставува поттикнување во вршење кривично дело.

“Ги охрабрувам вработените во Министерството да го задржат својот професионален и личен интегритет и да се спротивстават на секој обид кој води до беззаконие и нарушување на системот на владеење на правото”, се вели во телеграмата на Петровска.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

Петровска: Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот