Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

Од:

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во одговор на новинарско прашање за реакциите на родителите на починатите во трагедијата во Кочани.

-Во дискотеката „Пулс“ се спроведувани контроли од страна на УЈП и се применети мерките согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Значи, тие мерки предвидуваат дека при прва контрола во којашто ќе бидат утврдени неправилности се изрекува глоба, доколку глобата е неплатена се преминува кон привремена забрана за вршење на дејност којашто трае, согласно Законот, 30 дена. При втора контрола во рок од две години се преминува директно кон мерката привремено забрана за вршење на дејност којашто трае 30 дена. Овие законски норми се применети и при контролата во оваа дискотека. После првата контрола платена е глобата, имало и запечатување на објектот, меѓутоа тука имаме два објекта во таа компанија, а така што настанува конфузија во однос на тоа кон кој објект била применета мерката запечатување. Запечатувањето било извршено на кафе-барот, додека кај дискотеката е применета мерката глоба и глобата била платена, истакна директорката Петрова на денешната прес-конференција во УЈП.

Би можело да ве интересира

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Двајца во куќен притвор, за седуммина мерки за претпазливост по вчерашните апсења за „Пулс“

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се осум лица, а поднесени се кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот „Пулс“ во Кочани

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

Приведени се десетина вработени во УЈП Штип, поврзани со случајот „Пулс“

ВИДЕО: Браво за обвинителите, на адвокатите треба да им е срам, порачаа родителите на загинатите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски