ВИДЕО: Петров ветува проекти за здрава и активна младина во Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од опозицискиот Сојуз за иднината Андреј Петров ветува дека ако ја добие довербата од жителите на општината ќе инвестира во иднината на здрава и активна младина. Најавува изградба на рекреативен парк за коњички спортови со манеж во Градскиот парк во Скопје и враќање на укинатиот задолжителен час по пливање во базенот Карпош.

– Локацијата за паркот е веќе урбанистички дефинирана во рамките на Градскиот парк, во неговиот западен дел. Планираната површина на градежната парцела на која се предвидува оваа намена е 15.200 метри квадратни, на која ќе се реализираат содржини на отворено и во затворен простор, манеж. Површината на  затворениот објект е 3.050 метри квадратни, изјави денеска Петров, најавувајќи дека рокот за изградба е 2014-2015 година, а моделот за реализација јавно-приватно партнерство.

Петров истакна дека централно место во неговата програма е водење сметка за базичните спортови во училиштата,  како особено важно за здравјето и развојот на учениците.

– Во мојата програма повторно ќе го вратиме укинатиот задолжителен час по пливање во базенот Карпош и тоа ќе го направиме со плаќање на сите трошоци од страна на Општината, наведе Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски