Петров: Собранието врши инквизиција на правата на граѓаните

Од:

Собранието треба да биде храм на демократијата, а не да врши инквизиција на правата и слободите на граѓаните. Не знам зошто пратениците се плашат од референдумот, зошто ако се толку сигурнине се соочат со мислењето на народот. Тие се избрани од нив.Ова е како трет пат уредно поднесувам барање со едно јасно прашање: ‘Дали сте за промена на името од Р.Македонија во Северна Македонија“, изјави Тодор Петров.

Тој вели дека Собранието го ускратила правото на распишување референдум и изразување на волјата на граѓаните.

„Но не е сè завршено. Ние поднесовме иницијатива до Уставниот суд на 30 јануари за поништување на одлуките за промена на Уставот. Се надеваме дека судот ќе одлучи во корист на граѓаните. Тогаш повторно ќе ја актуелизираме иницијативата за распишување референдум“, рече Петров.

Иницијативата на Тодор Петров за собирање најмалку 150.000 избирачи за распишување нов референдум за името не помина на Комисијата за политички систем како и на Законодавно-правната комисија.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО