Петров: ФЗО има долг од 5 милиони евра

Од:

СДСМ од пред зградата на Фондот за здравствено осигурување посочи дека оваа институција има долг од нови 5 милиони евра за само четири месеци.

„Од јануари кога долговите на Јавните здравствени установи изнесувале 25, во април пораснале на цели 30 милиони евра. Ова се официјалните бројки напишани во Извештајот посветен на финансиите во Фондот и јавните установи“, рече Андреј Петров од СДСМ.

Петров праша дали се ова реформите во здравството на министерот Никола Тодоров.

„Наместо јавното здравство да го врати долгот и да им овозможи на фирмите да функционираат- здравствените установи се повеќе заглавуваат во долгови и со тоа го загрозуваат квалитетот на услугите од една, а го оневозможуваат функционирањето на стопанството од друга страна?

Брзиот раст на долговите е показател дека државата има погрешна стратегија за општествените приоритети. Не постои општество каде златна ограда е поважна од инсулин, каде што жални врби се поважни од здравјето на новороденчињата, каде златните коњи и Прометеј во пелени се поважни од здравјето на луѓето“, изјави Петров.
Според Петров, кратењето од 10 милиони евра во здравството со последниот ребаланс на буџетот сериозно го загрозил здравствениот систем.

Би можело да ве интересира

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница