Петревски: Зошто на инвеститорот да му дадеме бесплатно да влегува во езерото кај Љубаништа?

Од:

Охридските советници бараат претставници на индискиот милијардер Субрата Рој да дојдат во Охрид и пред советот, експертската јавност, и граѓаните на Охрид да го презентираат како планираат да изгледа нивната милионскат инвестиција која треба да се реализира во Љубаништа.

Охридскиот градоначалник Петрески рече дека локалната власт е заинтересирана да се реализира оваа но не по секоја цена и на сметка на уништување на езерото и живиот свет во него.

Градоначалникот Александар Петрески рече дека не дозоволиво е некој да гради хотел во вода само да не потроши 15 милиони евра за да ги откупи имотите на локалното население во Љубаништа, кое вредат околу 300 евра по метар квадратен.На седницата на Советот на општината на која се дебатираше за најавените инвестиции во Охрид Петрески рече дека ако хотелот почне да се гради во вода тоа ќе му наштети и на статусот на Охрид како град во УНЕСКО.

„Тоа се прави за да се избегне купување на приватното земјиште и земјиштето на црквата.Со тоа го штедиме инвеститорот.Зошто на инвеститорот да му дадеме бесплатно да влегува во езерото? Треба на сите да ни биде задоволство ако жителите на Љубаништа го продадат своето земјиште , а црквата земе околу 5 милиони евра.Моето мислење е дека инвестицијата може да се направи, но не да биде со влегување внатре во вода туку таа да биде на суво“, вели Петрески.

Петрески реагира и на промените на законските регулативи и носењето на нови закони со цел како што вели општината да нема никакви ингеренции во делот на туристичките развојни зони.

„Во разговорите кои ги имав со претставници на инвеститорот видов дека тие беа многу сериозни и дека сакаат да инвестираат во Охрид. После тоа се случуваа многу чудни одлуки на владата и парламентот со носење на нови законски прописи и со измена на веќе постоечките законски прописи каде како што се носеа законите, општината се сака да се тргне од целата оваа работа и ние да немаме никакви ингеренции во однос на тоа што се случува таму.Тие измени на закони кои негативно ќе влијаат на развојот на општина Охрид и процесот на децентрализација ќе ги обжалам на суд“, додаде Петрески.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека желбата на локалната власт советот да разговара за ова прашање има чисто политичка позадина.

„Не држат однапред искажаните сомневања дека ќе се наруши таму животната средина и дека некој ќе гради во вода.Тие обвинувања се беспредметни.Сметам дека допрва ќе се разгледува овој проект.Уште еднаш се покажа дека Охрид се користи само за манипулација, и оти едвај се дочека да се нападнат луѓето кои нешто работат за Охрид, нападнете ги оние кои цел живот живеат од Охрид, а еден денар немаат донесено во Охрид“, рече Пановски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион