Петрески: Зошто не се плаќаат придонеси за вработените во ЕМО?

Од:

Општина Охрид бара ВМРО-ДПМНЕ да објасни колку плата земаат волонтерите по охридските болници.

„Со наближувањето на локалните избори , се поголем е стравот во ОК на ВМРО- ДПМНЕ дека по трет пат ќе бидат поразени од актуелниот градоначалник на Охрид Александар Петрески.

– Стравот го манифестираат со секојдневни прес конференции и неаргументирани напади врз Петрески , сакајќи при тоа да го свртат вниманието на јавноста од катастрофалното владеење на ВМРО- ДПМНЕ на чело со нивниот лидер и актуелен премиер Никола Груески.

– Очигледно е дека во ОК на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да признаат дека нивната партија во заложништво ја држи цела Македонија , а нивните градоначалници се тие кои прават нелегални бизниси со амин на партиската централа“, велат од општина Охрид

„Ги повикуваме челниците од ОК на ВМРО- ДПМНЕ, пред јавноста транспарентно да објаснат за времените вработувања на волонтерите во Општата и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, колку пари плаќаат за придонеси , а земаат плата од 4.000 денари.

– Самоповиканите борци за социјални права од ВМРО- ДПМНЕ нека го запрашаат нивниот лидер Груески и министрите од нивната влада зошто на вработените во ЕМО, компанија која е во државна сопственост, не се плаќаат придонеси и стотици вработени ќе останат без здраствено и пензиско осигурување“ велат од кабинетот на градоначалникот на Охрид, Петрески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија