Петрески: Спортската сала во Охрид е за спортски и културни активности, а не за политички митинзи

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]ОК на ВМРО ДПМНЕ обвинува дека градоначалникот Александар Петрески и СДСМ им прават опструкуции со тоа што не им ја дале спортската сала „Атина Бојаџи“ за предизборен собир за промоција на кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески

Недоделувањето на салата за презентација на програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески преставува недемократски чин на локалната самоуправа предводена од СДСМ и израз на тотално непочитување кон сопствените сограѓани. Тоа е израз на страв и паника на Александар Петрески од се појасната, поширока и побројна поддршка на охриѓани кон д-р Бакрачески, изјави Атанаско Михаилов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Александар Петрески вели дека спортската сала „Атина Бојаџи“, во која локалната самоуправа вложи неколку милиони евра е наменета за спорт и културно уметнички настани, а не за политички митинзи.

Барањето за отстапување на спортската сала за промоција на кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Никола Бакрачески е чиста политичка манипулација за да се оправдаат пред нивното членство и лидерот Никола Груевски, дека не можат да го исполнат овој простор. Доколку можат, нека повелат промоцијата да ја направат на поранешниот спортски полигон, за народот да види колку приврзаници можат да соберат. Минатата недела ОК на ВМРО од Охрид , го промовира својот кандидат во Центарот за култура „Григор Прличев“, но не кажаа дали платила за откупување на салата. Не кажаа ни колку чини и дали ќе платат за новоотворениот штаб во комплексот Летница, се вели во соопштението на Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски