Петрески: Сакам во Охрид да се тркам со Цветко Грозданов

Од:

Со акламација актуелниот охридски градоначалник Александар Петрески, општинската конференција која се одржа вечерва повторно го избра за кандидат на СДСМ за престојните локални избори кои ќе се одржат во март наредната година. Противкандидатот на Петрески во внатрепартиските избори, Науме Јованоски од говорница јавно се откажа од трката со што изборот на Петрески само формално беше потврден. Гостин на конференцијата беше генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров

„На многу од вас членовите партијата преку локалната власт ви има помогнато. Многу работи направивиме , но има и многу работи кои треба да се направат. Јас сум убеден дека овој пат борбата ќе биде најтешка , но сум уверен дека овој пат и најубедливо ќе победиме.

– Тие минатиот пат ги искористија сите механизми , но се надевам дека овој пат се подемокртраски созреани. Јас лично за противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ сакам да ми биде Цветко Грозданов затоа што редно е да има една таква борба и еден таков окршај во Охрид да направиме. Мислам дека изборот кај нив ќе биде помеѓу Цветко Грозданов, Харалампие Шокароски или Јордан Размоски“, рече Петрески.

На изборната конференција немаше ниту еден претставник од коалиционите партнери. Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров за А1 рече дека сите направени анкети во изминатиов период покажале дека актуелниот градоначалник може повторно да ги добие изборите во Охрид. Во однос на разговорите со коалиционите партнери за Охрид, Петров рече:

„Уште од старт дадовме на знаење дека Охрид е град во кој СДСМ веќе го има и актуелниот градоначалник и дека тој треба да продолжи да работи и понатака. Тоа е многу логично решение бидејки секогаш има лични аспирации. Но има други општини кои другите партии ќе ги добијат во нашиот заеднички коалиционен настап“, рече Петров.

Тој не сакаше да каже каде останатите коалициони партнери ќе имаат кандидат за градоначалник бидејки разговорите биле во тек.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време