Петрески по трет пат за градоначалник на Охрид?

Од:

СДСМ донел одлука Александар Петрески да го кандидира за трет градоначалнички мандат во Охрид. Ваква информација се прошири помеѓу членството на партијата во Охрид и дека тој сигурно е кандидатот за охридсксата трка.

Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров телефонски за А1 ги демантираше овие информации. Постапката за избор на кандидат за градоначалник на СДСМ во Охрид започна вчера, и целиот процес за избор ќе се одвива во демократска процедура рече Петров. Тој кажа дека на 29 јули ќе биде познато кој ќе биде кандидат за градоначалник во Охрид.

Колку пријавени кандидати има до сега Петров не сакаше да каже, само рече дека очекуваат подршка од сите коалициони партнери за кандидатот за градоначалник кој ќе биде нивни партиски член. И актуелниот градоначалник Петрески негира дека и официјално ќе биде кандидат на СДСМ и на следните локални избори и дека ваквата одлука била донесена денес од страна на централата во Скопје. Но тој не крие дека сака повторно да се кандидра за прв човек на Охрид.

„Очекувам подршка од партијата, односно СДСМ да ме кандидира и за трет градоначалнички мандат. Но да оставиме да помине целата постапка за избор. Очекувам кандидатот кој ќе биде избран да добие подршка од сите кои сакаат да се кандидираат“, рече за А1 Петрески.

Сега на потег се месните организации на СДСМ кои треба да предложат свој кандидат, но статутот на партијата остава простор и за самокандидирање. Сите кандидатури раководството во Охрид треба да ги достави до централата во Скопје, додека актуелниот градоначалник Петрески во писмена форма треба да образложи зошто бара трет мандат велат партиски извори од СДСМ за А1. Тие додаваат дека ќе биде крајно интересно бидејки освен Петрески има и уште неколку претенденти за оваа позиција кој имаат подршка од одредени групации во и надвор од СДСМ, и покрај тоа што Петрески го имал влијанието врз поголем дел од месните комитети Изборната конференција во Охрид треба да се одржи на 28 јули.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион