Петрески: Охрид да не се претвори во грдо лице со забеганите проекти како оној на Субрата Рој

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Александар Петрески рече дека нема да дозволи да се реализираат проектите на владата кој ќе го нагрдат Охрид како најавениот проект Охрид 2017. Тој рече дека ВМРО ДПМНЕ уште синоќа го покажале грдото лице на нивната предизборна кампања, која ја започнале предвреме од предвидениот рок.Петрески обвини дека најголем дел од проектит во програмата на ВМРО ДПМНЕ биле проекти кој тој ги предвидел, а кој до сега не биле реализирани поради ембаргото од страна на владата

„Одеа по домовите на граѓаните и делеа програми во кои 90% се содржани мои проекти кои сум ги реализирал. Грдото лице на кампањата можеше да се види сношти на митингот во Охрид. Сакам да ве уверам дека во Охрид ќе победи убавото лице и граѓаните нема да дозволат градот да се претвори во грдо лице, како што е случај во Скопје со забеганиот проект „Скопје 2014“. Нема да дозволиме Охрид да се претвори во грдо лице со забеганите проекти како оној на Субрата Рој. а препишаа катната гаража, Домот за пензионери, пазарот, автобуската станица, катната гаража, музичкото училиште, Галичица… За она што не сум го направил причина е или бојкотот или ембаргото од страна на Владата да стават потпис“, изјави Петрески.

Од СДСМ рекоа дека на синоќешниот митинг во Охрид имало се само не членови на ДПМНЕ од Охрид.

„На градскиот плоштад имаше се само не охриѓани. Пристигнаа дури и службени возила од универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Дали ова е фер и демократска кампања? Преку 300 автобуси синоќа допатуваа во Охрид. Се имаше на плоштадот, само охриѓани немаше“, додаде Петрески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите