Петрески: Не сакам да се направи војна па да ги решаваме последиците

Од:

„Јас не сакам да се направи војна па да ги решаваме последиците од војната, тоа не добро. Но да речеме три дена во Охрид да нема паркирање со наплата , да видите каков хаос ќе се создаде во сообраќајот во однос на паркирањето“, рече градоначалникот Александар Петрески одговарајки на обвинувањата дека во Охрид нема слободен паркинг простор и оти цената за паркирање е превисока.

Тој смета дека протестите се политички со цел да се дефокусира јаноста од проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Охрид но и на Македонија. Тој исто така рече дека граѓаните сами просторите наменети за паркинг пред сопствените објекти ги претвораат во угостителски објекти или други деловни простори од кои земаат големи кирии.

„Јас ве уверувам дека тоа е уште една мануипулација на ВМРО-ДПМНЕ и нивните т.н невладини организаци, затоа што едноствавно сакаат да се скрени вниманието на јавноста од актуелните проблеми.

Јас ве уверувам дека согласно законските прописи секоја една локација и куќа или зграда треба да си обезбеди на своите станари паркирање на својата локација, дека улиците не се паркинг места за жителите кои живеат во околните места. Куќите кои се во центарот на градот, подрумите и призмејето каде треба да се обезбедат паркинг места за своите возила, жителите ги претворија во кафичи и дуќани, спортски обложувалници од кои земаат кирија по 1000 и 2000 евра, а своите автомобили ги оставаат на улица. Ако земаат кирија од 1000 и 2000 евра , тогаш треба да си платат и за паркинг“ рече Петрески, според кого на градскиот полигон имало место за 700 возила и таму паркинг не се наплаќало.

Според градоначалникот Охрид имал најефтин паркинг, затоа што во Грција паркингот е 5 евра.

„Не е дозволиво за туристичко место како Охрид да направиме хаос и во паркирањето на возила. Единствен начин да не се создаде хаос е да воведеме наплата на паркирањето. На исто вакво место паркирањето во Дубровник е 7 евра, во Грција е 5 евра паркирањето. Цената кај нас со оглед на тоа кој туристи доаѓаат во Охрид можеби е висока од 50 денари и можеби треба да е пониска. Но во сите други туристички центри цената е за пет до десет пати повисока од оваа.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид