Петрески на Џеврие и Фикрет им призна дека ја гледал „Кога лисјата паѓаат“

Од:

Снаата и свекрвата од турската хит серија „Кога лисјата паѓаат“, Фикрет и Џеврие која до неодамна се емитуваше во Македонија се во посета на Охрид. Тие се сретнаа со градоначалникот Александар Петрески.

Фикрет или Bennu Yildimrimlar рече дека во Охрид не доаѓа првпат.

„Прв пат кога дојдов уште не беше прикажана серијата. Тогаш луѓето не ме препознаваа. Во Охрид прв пат дојдов за фестивалот „Охридско лето“, пред пет години, кога требаше да настапам во една престава, но преставата се одложи и ми беше многу жал. Но бидејќи градот многу ми се допадна, почнав често да доаѓам овде“, вели Bennu Yildimrimlar позната како Фикрет.

Свекрвата Џеврие на Петрески му призна дека реакциите на луѓето во Турција за нејзиниот лик биле доста негативни.

Во Охрид тие се благодарение на Драган Вучиќ.

„Професионалци се, никого не одбиваат и покрај тоа што вчера неможевме ни да ручаме од што се собраа луѓе. Ќе ги носиме и Св Наум и во Радожда и со некоја јахта ќе ги прошетама по Охридското езеро“, рече Вучиќ.

„Му благодарам на Драган Вучиќ што ги донесе во општината да се сретнат со мене. Најважна работа за Охрид и туристичката промоција, а најважна работа за добро да го промовираме Охрид се овие средби и посети, затоа што тие доаѓаат во контакт со многу луѓе. Се она што им остави впечаток ќе го зборуваат насекаде.

Драго ми е што им се допаѓа Охрид . Воодушевени се од се што видоа од мирот, среденоста, чистотата“, вели градоначалникот Петрески, кој призна дека ја гледал серијата „Кога лисјата паѓаат“.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид