Петрески: Или здрав разум или власта ќе доживее политички Чернобил

Од:

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески реагира на одлуката на Стевчо Јакимовски да ја истакне кандидатурата за градоначалник на Карпош.

„Во ниту еден момент не помислив да истакнам било каква кандидатура освен партиската . Ова што се случи е крајно низок чин на поединец, и од тука можат да се согледаат неговите морални вреднoсти“, вели Петрески.

Како припадник на СДСМ, вели,  во ниту еден момент не помислил поинаку од заедничката одлука на мојата матична партија , пред се за добро на граѓаните на Охрид, како и за сите граѓани на Македонија.

„Оваа власт во изминативе седум години нанесе многу зло на Охрид и цела Македонија, и залудни се сите нејзини обиди, со подли сценарија да помислат дека можат да ги нарушат односите во СДСМ и опозицискиот фронт. Од секоја нивна подземна игра секогаш излегуваме посилни и посплотени “,  вели Петрески.

Според него, ќе има избори, но не какви што посакува ВМРО-ДПМНЕ.

„ Можат и 1 милион лични карти да испечатат, можат да бришат гласачи од избирачкиот список, нешто што и го прават, но на крај сето тоа ќе им се врати по нивна глава. Нема да попуштам ниту еден милиметар од социјалдемократските вредности, од човековите вредности. Јас како Александар Петрески и во минатото сум го одржувал зборот пред моите сограѓани, пред мојата партија, тоа ќе биде и сега, колку тоа некој друг и да не го сака. Охрид 8 години е репресиран од оваа ненародна власт, предводена од Александар Николовски и Атанаско Михаилов, заложник е на една политика на една мала група недораснати политичари со матно минато. Уште еднаш ќе им порачам, без Социјалдемократскиот сојуз и без опозицискиот фронт не може да има избори. Или ќе преовладее здравиот политички разум, или оваа власт ќе доживее политички Чернобил“, вели  Александар Петрески, пренесува Охридскај.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски