Петрески: Горди сме што во Охрид спречивме да не ни се случи Скопје 2014

Од:

Додека СДСМ најавуваше дека Охрид ќе биде градот во кој ќе владеат и наредните години, малку подоле УМС на ВМРО ДПМНЕ преку пародија како што велат сакале да ги потсетат социјалдемокртатите за уништетното стопанство во Охрид, а градоначалникот Петрески за ветените, а нереализирани проекти.

Старо-новиот градоначалник за време на неговото осумгодишно владеење не изгради ништо. Затоа ние ги повикуваме сите млади луѓе да кренат глас против Бранко Црвенковски и Александар Петрески, кои со нивното вледеење успеаја да ги избркаат младите од Охрид, рече Сашо Донев, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Градоначачникот Александар Петрески се пожали дека во Охрид не биле направени само оние работи за кои биле опструирани од централната власт.Горди сме што во Охрид спречивме да не ни се случи Скопје 2014.

Ние сме горди со нашето минато кое е поврзано со Свети Климент и Свети Наум и затоа во Охрид не ни требаат антички споменици.Каков ќе беше Охрид,ако дозволевме она што се случи во Скопје да се направи и во Охрид? праша Петрески.

Борбата за Советот на општина Центар и борбата по секоја цена да се добие градоначалникот на Центар не беше случајно, тоа беше за да го реализираат токму тој проект. Исто таква борба имаше и во Охрид, и по секоја цена сакаа да го земат и Охрид.Но јас нема да дозволам тоа лудило да се случува и во Охрид рече Петрески.СДСМ вечерва во Охрид ќе го одржи протесно промотивниот митинг.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“