Петрески: До крајот на оваа година ќе вработам уште 1.500 охриѓани

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „Сојуз за иднината “ и актуелен градоначалник Александар Петрески денеска најави дека уште до истекот на оваа календарска година ќе вработи уште 1.500 граѓани на Охрид, како одговор на обвинувањата на неговите противкандидати за прекубројни вработувања во градските јавни претпријатија.

– За мене сите граѓани на Охирд се поеднаквно важни, никогаш не сум ги делел партиски, политички, рече Петрески нагласувајќи дека мора да им се обезбеди работа, егзистенција на луѓето.

Тој истакна дека не им се лути на уметниците, лекарите, директорите на институциите што зборуваат, како што рече, против него на пропагандните спотови на ВМРО – ДПМНЕ.

– Ве уверувам дека сите мои проекти што се во програмата, дури и оние 80 проекти на ДПМНЕ што се препишани од мојата, ќе бидат спроведени, дури и уште повеќе од тоа, ќе се завршуваат тековните работи како што носи времето. Ова го зборувам затоа што за мене покажуваат делата, а не делата што ги промовираат противканидатите, рече Петрески.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија