Петрески бара средба со Бан Ки Мун

Од:

Охридскито градоначалник Александар Петрески побарал да се сретне со Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, кој утре доаѓа во Охрид на средба со највисокиот македонски државен врв.

Од кабинетот на Петрески за А1 ја потврдија оваа информација.

„Ние побаравме преку канцеларијата на Унеско во Париз да се организира средба помеѓу градоначалникот како прв човек на Охрид и првиот човек на Обединетите нации, Бан Ки Мун. Се уште тоа не ни е потврдено, бидејки за неговиот протокол се грижи неговиот кабинет во соработа со нашето министерство за надворешни работи. Доколку има таква средба благовремено ќе информираме“, изјави Симон Илиевски, портпарол на општина Охрид.

Предвидено е Бан Ки Мун да се прошета и низ Охрид, да види дел од културно историските локалитети во градот кој од 1979 е под заштита на Унеско, меѓунардона организација која е под капата на ОН, додека Охридското езеро под заштита на Унеско е од 1980 година.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија