Петнаесетгодишно момче изчезна во Мавровско Езеро

Од:

Петнаесетгодишно момче од селото Маврово изчезнало во водите на Мавровското Езеро откако почнало да плива. Телото се уште не најдено, а од скоро екипи на МВР со чамци ги пребаруваат површината и дното на езерото.

Настанот се случил во непосредна близина на манстирската црква „Св. Никола“ во селото Маврово попладнево околу 14 часот и 30 минути.

Според СВР Тетово, момчето сакало да заплива од брегот кон една платформа оддалечена околу 200 метри од брегот на која претходно стигнале двајца негови другари. Според нивните изјави, непосредно по влезот во водата, Ќ.С. потонал и не се појавил на површината.

Екипи од гостиварската полиција се на местото на настанот, се обидуваат да го најдат телото и да откријат причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски