Петнаесет државни службеници добија сертификати за интервјуирање при вработување

Од:

Во организација на Амбасадата на Франција и Министерството за информатичко општество и администрација денеска на 15 државни службеници им беа доделени сертификати за посетувањето на обуката „Усно интервју при вработување“.

Од вкупно 15-те обучени државни службеници пет се од МИОА, пет од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и пет од Агенцијата за администрација.

– Тие се обучени за спроведување интервјуа со лицата кои ќе аплицираат за вработување на огласи преку Агенцијата за администрација, рече државниот секретар во МИОА Јахи Јахија.
Појасни дека согласно новиот закон двете институции – Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Агенцијата за администрација ќе бидат клучни за спроведување на постапките за вработување, а исто така и МИОА, кое, како што рече, ги носи политиките во делот на реформите во јавната администрација.

Амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер појасни дека годинава се планирани низа обуки наменети за македонските државни службеници преку кои на македонските државни службеници ќе им се понуди француското искуство.

Освен обуките, рече Оер, има и водич за вработување за државните службеници.

– Работиме и на поголема искористеност на европските фондови и воспоставување на вистинска администрација која ќе дава подобри услуги, а државните службеници ќе си ја вршат добро работата ако ги имаат сите средства за работа, рече Оер.

Обуката е дел од долгорочната партнерска соработка што се развива помеѓу француската Амбасада и МИОА.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза