Петмина повредени во сообраќајка на три возила на стариот пат Тетово – Скопје

Од:

Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа на три возила што денеска околу 12:30 часот се случила на регионалниот пат Желино-Групчин, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски во сообраќајната несреќа учествувале „Голф “ со скопски регистерски таблици управуван од С.А.(74) од скопско Бојане, „Фолксфаген туран“ со тетовски таблици што го управувал тетовецот Ш.Г.(57) и „Опел“, исто така, со тетовски таблици управуван од З.И.(29) од тетовско Ларце.

Во несреќата возачот на „Голфот“ С.А. се здобил со тешки телесни повреди – скршеница на вратен пршлен и по укажаната помош во тетовската клиничка болница итно бил префрлен на скопските клиники. Двајцата други возачи и двајца сопатници од „Туранот“ завршиле со полесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Екипа од СВР Тетово извршила комплетен увид и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања