Петмина нови заразени со коронавирус, од нив четворица се здравствени работници

Од:

Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипле.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и четири здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.

Докторот Арбен Аголи кој е педијатар од Дебар предмалку на социјалните мрежи објави дека персоналот во неговата амбуланта има позитивен резултат на извршено тестирање за коронавирусот. Тој пишува дека ќе се затвори амбулантата во следните две недели.

„Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин две недели“, пиша Аголи на социјалните мрежи.

Докторот има ординација која е под концесија во зградата каде што се наоѓа и дебарската болница, во која пак, се лекуваат пациенти заразени од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски